Македонија и другите земји од Западен Балкан од вчера се тргнати од германската „црвена листа” на земји во ризик за патувања поради корона вирусот.
„Поради намалување на бројот на нови случаи на ковид-19, покрај Македонија од црвената листа се симнати и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора и повеќе не се третираат како ризични земји“, објави Институтот „Роберт Кох“.
Освен земјите од Западен Bалкан, од списокот се отстранети и Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар.
Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во Германија, односно ги отстранува сите епидемиолошки „пречки“.
„Новите правила за патување ќе важат од утре“, наведува Институтот „Роберт Кох“ во своето соопштение.