Може ли Крали Марко да е Бугарин, Србин и Македонец во исто време? Може нели?

Ивајло Дичев професор по културна антропологија на Универзитетот во Софија и предавач на Универзитети во САД и Франција, е еден од луѓето од интелектуалниот свет во Бугарија, кој има европски мислења и ставови во поглед на македонското прашање и односите меѓу Македонија и Бугарија. Заедно со уште една група интелектуалци ги критикува последните позиции на Совија. Тој во интервју за Прес 24 вели дека највозменирувачко во таа „Рамковна позиција“ на Владата и Парламентот е асиметријата.

-Добро е да се бара од Северна Македонија да ги извади на виделина и да ги осуди злосторствата на југословенскиот комунистички режим, особено кон луѓето, кои се сметале себе за Бугари. Но во истиот текст се одрекуваат злосторствата на бугарските окупатори за време на војната, сојузници на фашистичка Германија, испратиле неколку илјади Евреи во Треблинка.  Воспоставувањето на добри односи подразбира симетрија, напори да направат и едните и другите. Во тоа впрочем слични се и комунистите и национал-социјалистите – Само јас сум во право, само мојата теорија и кој не слуша – во казанот. (който не слуша – в кауша), вели универзитетскиот професор, Ивајло Дичев за Прес24.

Тој вели дека бугарската политика ја водат популисти и националисти , но е уверен дека бугарските граѓани искрено зближување на двете држави.

-Сакаат максимално да се зближиме со Македонците, но таа агресивна ароганција само не одвраќа. Зближувањето бара време, трпение, разбирање – тоа не е прашање за историчарите или етнографите, не станува збор за факти, туку за комуникација, вели Дичев.

За него е несфатливо негирањето на македонскиот јазик, но вели дека во Бугарија не постои политичар кој ќе рече дека таков јазик има.

-Тоа се некои такви горе-долу религиозни правила, прифатени во Бугарија – нема политичар, кој ќе се осмели да каже, дека постои македонски јазик. На телевизиите не се преведува од македонски и националистите го заплашуваат секој, кој ќе се обиде тоа да го направи.  Јазиците се разделуваат, одвојуваат, во некои моменти државите ги кодифицираат и прават официјални. Германците да им кажат на Данците, дека јазикот не им е валиден, дека треба да ставаат звездичка, со која да објаснуваат, дека данскиот произлегува од германскиот?, вели Дичев за Прес24.

Сепак, според него се ова што сега се случува е дел од политичката агенда во Бугарија, и дека Борисов е заложник на националистите.

-Според мене ќе го притиснат од ЕУ, како што го притиснаа за НАТО од Америка, ќе пошуми уште малку и ќе се смири. Веројатно некој од вашите луѓе ќе даде некаква протоколарна изјава за заеднички корени. Важно е да го прескочиме овој трап – прозорот на можности за Западниот Балкан нема да стои отворен долго, а имаме историска шанса да ги тргнеме границите меѓу нас, вели универзитетскиот професор од Софија, Ивајло Дичев во интервју за Прес24.

 

ПРЕС24:  Зошто Бугарија сега го испорачува ова?

ДИЧЕВ: Бугарија е жртва на истиот популистички бран кој ја зафати Источна, но и не само Источна Европа.  Кај нас едноставно се повеќе претенциозни, пишуваат работи кои ги сакаат во Брисел, но прават како што си знаат. За разлика од Орбан, Качински или Салвини. Во Владата учествуваат крајно-десни националисти кои немаат никакви идеи за владеење и ниту еднаш не беа осудени за лошо работење. ( На пример ВМРО – затоа што негови луѓе продаваат бугарски пасоши на Македонци).  Се покажа дека бегалци овде не доаѓаат, пред секои избори (овој октомври имаме локани) уриваат по некоја ромска колиба, но и тоа омразна. Сега најлудиот повика еден свој колега-лидер, кого го прогласи за геј, на машки двобој со боксови. Извесно време ги хистеричеа луѓето со Истанбулската конвенција за насилство врз жените – според нејзе ќе се менувал полот на децата. Си го замислувате ли репертоарот? И како сега нема да се фатат со малиот ни сосед, кој одеднаш зависи од нас – ете одлична можност да ги покажат мускулите и да се закануваат.  Одеднаш (за гласачите нивни) Бугарија станува голема светска сила, гледаш ќе го сопре проширувањето на НАТО и на ЕУ.

ПРЕС24:  Сепак, оваа нова декларација е гласана во Народното Собрание, зад нејзе застана целиот државен врв, Премиерот, Претседателот, опозиција, власт… Колку се ова може да значи дека ова се црвени линии за Софија од кои во иднина нема да отстапи?

ДИЧЕВ: Премиерот е заложник на тие луѓе. Освен тоа г-н Борисов е генијален популист  – тој одговара на секој ветар на јавното мислење. А кај нас темата Македонија е многу болна по разни историски причини, лесно се надувува, ако сакате – заради македонските песни, кои ги пееме во кафаните. Постои едно дефинитивно активирање на минатото, и кај вас со антиквизацијата, и кај нас тука исто – изградба на кич тврдини, историски реставрации, драматични спомени. Дали доаѓа од фантазија филмовите? Или од тоа, дека во иднината не гледаме ништо убаво, туку само катастрофи? Позицијата на социјалистичката партија е многу интересен феномен – тие направија остро вртење во десно со новата лидерка Нинова, тоа повеќе не е социјалистичка партија, туку националистичка.  Во отворен конфликт се со европското социјалистичко семејство поради тоа. Не знам дали се во добри односи со Заев, се сомневам. Сепак во таа партија, како и во многу други, клучна улога игра Русија. Рускиот капитал е длабоко влезен кај нас, а најмногу со Москва играат социјалистите. Се разбира Русија нема интерес да се проширува НАТО и ЕУ. Повторувам за НАТО, иако ова не е тема во последниот документ, но за Русија темата е многу болна.

ПРЕС24:  Македонската јавност нема јасна претстава што всушност Бугарија сака? 

ДИЧЕВ: Па, немам идеја, неколку пати веќе напишав.  Зборуваат за некакви навреди во вашите учебници, но не кажуваат какви се тие? Слушнав дека некаде пишувало дека древните Бугари – биле номади од турско-молголско потекло. Тоа е една историска теза, не знам дали е точна, но не гледам во нејзе ништо навредливо. За разединувањето во историите веројатно треба да работиме заедно, но не само нашите две држави, туку целиот Балкан, Европа воопшто.

Глупаво е да се учи историја само на една страничка, особено мала како нашите. За пактот со Хитлер за време на војната нема зошто да се навредуваме, напротив токму обратното, треба да се срамиме. За спомениците веројатно можат некако да се разберат – каде биле убиени луѓето, како и што да пишува, но и тоа не ми се гледа во основата на проблемот. Тука кај нас тезата е “еден народ во две држави“ . Но, каде се Албанците во таа сметка, каде се нашите Турци, не знам. Воопшто да зборуваме за етноси во Европа, да го поставуваме тоа како некакво драматично прашање  е смешно – ќе ни речат не сте за овде. Бугарските граѓани искрено сакаат максимално да се зближиме со Македонците, но таа агресивна ароганција само не одвраќа. Зближувањето бара време, трпение, разбирање – тоа не е прашање за историчарите или етнографите, не станува збор за факти, туку за комуникација.

ПРЕС24:  Зошто голем дел од историчарите, а пред се од политичарите инсистираат на непостоење на македонски јазик и негирање на нечиј идентитет, кој во современтот свет секој сам го определува?

ДИЧЕВ: Најсмешно е тоа со јазикот – да се ставело звездичка кога ќе се спомне македонскиот јазик, како под цртичка се објаснува, дека тоа било норма, усвоена од Северна Македонија, воспоставена на бугарски дијалект. Мислам дека просто ќе станеме смешни во Европскиот свет.  Тоа се некои такви горе-долу религиозни правила, прифатени во Бугарија – нема политичар, кој ќе се осмели да каже, дека постои македонски јазик. На телевизиите не се преведува од македонски и националистите го заплашуваат секој, кој ќе се обиде тоа да го направи. Јазиците се разделуваат, одвојуваат, во некои моменти државите ги кодифицираат и прават официјални. Германците да им кажат на Данците, дека јазикот не им е валиден, дека треба да ставаат звездичка, со која да објаснуваат, дека данскиот произлегува од германскиот? Ако живевме во една држава можевме да имаме еден јазик и со Србите, и со Хрватите, но не се случило. Тоа тагување по пропуштените можности кај нас е многу сакано во образовниот систем – ех, колку убаво ќе беше да сме заедно со Македонците, да зборуваме еден јазик. Но не било. Прашањето сега е дали Бугарија ќе го дозволи македонскиот како работен јазик на Европа. Тоа ќе биде голем скандал за патриотските сили кај нас. Но, што друго можат да направат, освен да ставаат звездичка – „аз не знал Мен“ да ги прашате најдобро преставниците на европските институции да зборуваат на англиски јазик. А кога ќе се сретнеме некаде – и така се разбираме.

Целото интервју прочитајте го на ПРЕС 24