Може ли Солунското пристаниште без македонските компании?

Ова денеска го истакна Стилијанос Ангелуидис, претседател и управен директор на Солунското пристаниште, нагласувајќи дека станува збор за најконкуретното и најевтиното пристаниште во регионот.

„Во 2012-та година, вкупниот транспорт на Солунското пристаниште за Македонија е над два милиони и 163 илјади тони, а доколку тоа се спореди со претходниот период се забележува зголемување за 13,35 отсто. тоа се должи, пред се’, на добрата соработка со фирмите и решавање на многу проблеми“, рече Ангуидис.

Тој истакна дека Солунското пристаниште е во постојана комуникација со фирмите од земјава со цел да им излезат во пресрет на нивните барања и решавање на проблеми со кои се соочуваат.

„Постоеше еден проблем, а тоа беше неповрзаноста на пристаништето со железничка пруга, како и тоа што царината не работеше постојано“, рече тој, додавајќи дека сега се надминати и двата проблеми, така што сега има железничко поврзување, а царината работи 24 часа.

Тој за март следната година го најави отворањето на редовните железнички линии за товарен транспорт од Македонија до Солунското поле, со што ќе се намалат трошоците, и транспортот ќе биде поевтин.

Според Ангелуидис, комбинацијата на железнички и поморски сообраќај, е најефикасна, со најниски трошоци, а во исто време го обезбедува потребниот квалитет во транспортот.