Првата нуклеарна проба на Северна Кореја по 2017 година би можело да биде изведена во периодот меѓу 16-ти октомври и 7-ми ноември, извести во средата јужнокорејската новинска агенција Yonhap, повикувајќи се на пратеници кои биле известени од Националната разузнавачка агенција (NIS).
Подготовките за нуклеарното тестирање се довршени во севернокорејскиот тунел за тестирање во Пангири, каде од 2006 до 2017 година се изведени шест подземни нуклеарни проби, според информациите од Јужна Кореја.
Времето на тестирање веројатно ќе биде одредено од настаните во Кина, главниот сојузник во Северна Кореја, како и во САД кои во Пјонгјанг се доживуваат како најголемата опасност по безбедноста, наведува Yonhap.
„Доколку Северна Кореја го спроведе нуклеарниот тест, тоа би можело да се случи меѓу 20-от конгрес на Комунистичката партија на Кина на 16-ти октомври и американските избори на средината на мандатот на 7-ми ноември, наведоа од NIS“, го цитира агенциите јужнокорејскиот пратеник Ју Санг-бум.