Можни се две последователни зарази со омикрон сојот

Можно е двапати последователно да се зарази со два различни подтипа на омикрон варијантата на коронавирус, но тоа ретко се случува, покажува данско истражување.

Новата студија, којашто ја спровеле истражувачите од најголемиот дански здравствен институт за заразни билести „Statens Serum Institut“, покажува дека инфекција со подтипот BA.2 може да следи многу брзи по зараза со изворниот подтип BA.1, но дека тоа е ретка појава. Овие два подтипа се разликуваат во 40 мутации.

Додека BA.2 моментално сочинува повеќе од 88 отсто случаи од функциите во Данска, бројот на новозаразените со овој подтип почнал да расте во Обединетото Кралство, Јужноафриканската Република и во Норвешка.

Реинфекциите главно ги зафатиле младите, невакцинираните лица и кај нив предизвикале само блага форма на коронавирусната болест Covid-19, но ниедна не резултирала со хоспитализација или смртен исход, велат данските научници.

Во рамките на студијата спроведена во периодот меѓу ноември и февраури, која сѐ уште не рецензирана, откриени се 1.739 случаи коишто покажуваат дека исто лице прво било заразено со BA.1 а по 20 до 60 денови и со подтипот BА.2. Во тој период во Данска имало 1,8 милиони заразени.

На помала група примероци, студијата открила 47 случаи на реинфекција со BA.2 набрзо по зараза со BA.1. Истражувачите откриле и помалку вирусен материјал при втората инфекција, што укажува на тоа дека по првата инфекција лицето развило имунитет.