Можни се предвремени избори во Грција

Грчката Влада би можела да распише предвремени избори доколку земјата не успее да се договори со меѓународните кредитори околу условите на новиот договор за реформи, изјави грчкиот заменик-министер за социјална сигурност Димитрис Стратулис, пишува МИА.

 

– Кредиторите сакаат да ни наметнат тешки мерки. Ако не отстапат од овие уцени… Владата ќе мора да бара алтернативно решение – избори, нагласи Стратулис.

Стратулис му припаѓа на екстремно левото крило на владејачката Коалиција на радикалната левица (Сириза), па според грчките медиуми, засега не е јасно дали идејата за предвремени избори е и став на мнозинството во партијата или само на оваа партиска фракција.

Според него, постои се поголем гнев поради предлозите на кредитерите и се повеќе расте чувството дека Сириза ќе бара алтернативи за да го избегне прифаќањето на планот.

Грција вчера соопшти дека за неа е неприфатлив предлог-договорот што во текот на преговорите го понудиле кредиторите.