Можно е да нѐ зафати невреме и да нѐ удри град по сончевото претпладне

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и услови за ситен град, информираше УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена, наведено е во соопштението.

„Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме“, велат од УХМР.