![samit sad rusija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/samit-sad-rusija.jpg?resize=696%2C438&ssl=1)
Во периодот кога меѓусебните односи се на најниското нови од крајот на периодот на идеолошката Студена војна, американскиот и рускиот претседтел Џо Бајден односно Владимир Путин, се среќаваат во средата во швајцарска Женева на состанокот на врвот на кој ќе разговараат за „црвените линии“, но и за заедничките интерси во моентот кога администрацијата во Вашингтон сака да ги „ресетира“ надворешниполитичките односи во посттрамповата ера.
Средбата следена со големи очекувања во меѓународната јавност ќе се случи во попладневните часови и споре најавите од двете страни ќе трае најмалку пет часа. Тоа ќе вклучува и директни разговори меѓу Бајден и Путин, на кои потоа треба да им се приклучат членовите на нивните делегации во проширен формат.
Според изјавите на Белата куќа и на Кремљ, и двете стерани не очекуваат многу од средбата, а двајцата лидери по одлуката на американската страна која стравува дека Путин ќе го засени Бајден ќе се појават на засебни прес-конференции по средбата во текот на којашто не е планирано никакво консумирање на храна.
Средбата доаѓа на крајот од повеќедневната посета на Бајден на Европа, првата негова таква во својоство на американскиот претседател, во текот на кои на последните дена има средба со челниците на групата Г7 – седумте индустриски најразвиени земји во светот, са своите партнери во НАТО и со челниците на Европската унија.
„Јасно ќе му ставам до знаење на претседателот Путин дека постојат области на кои можеме да соаботуваме доколкуи за тоа се реши“, рече Бајден. А за подрачјата во кои не се солгасуваат рече дека „јасно ќе покаќе каде се црвените линии“.
Бајден, исто така, рече дека ќе искаже критики во врска со наводното влошување на човековите права во Русија, како и во врска со нејзината наводна улога во кибернетички напади врз американски компании и наводното мешање во американските избори.
Кремљ и Путин дипломатски навестија дека на сите од споманите теми, Русија има подготвени одговори и своите „црвсти ставови“ и потстија дека не прифаќаат меѓсубени однос од позиција на моќ. Москва потврди дека односите меѓу двете земји се во „незадоволителна состојба“, а во многу области повеќе нема никакви контакти. Американските санкции притев Русија се воведени 96 пати од 2011 година, вклучително и трипати откако во јануари годинава Бајден дојде на претседателската должност, наведува Кремљ, но потсети дека тие не ја постигнуваат целта.
Повеќето политички коментатори очекуваат дека Путин и Бајден ќе си ги „испеат свотие песни“ на средбата, а оти најверојатно ќе ги започнат новите преговори за нуклеарното вооружување и контролата на оружјето. Според најавите од двете страни, теми на разговорите ќе бидат и конфликтите во Авганистан, Либија, Сирија, како и нуклеарните програми на Иран и на Северна Кореја.