Можна појава на одрони на дел од патните правци

Можна појава на одрoни на дел од патните правци. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно суви коловози.

Од АМСМ информираат дека во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.