
За оваа можност денеска разговараа градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски директорот на ЕЛЕМ Енергетика Марјан Милошевски и претседателите на заедниците на станари од Хиподром и Триангла од зградите.
Општината и ЕЛЕМ Енергетика ќе направат проектирање и довод на топлинската енергија до зградите и становите, со што во голема мера би се подобрило затоплувањето на становите. Ваквиот начин на затоплување би влијаел на подобрување на еколошката состојба во овие населени места, соопшти општина Гази Баба.