МПС: Во МВР не запира вработувањето на партиски кадри, за седум години ги има околу 1.000

Во Министерството за внатрешни работи не запира процесот за целосна партизација, кој забрзано се одвива и во месец јануари 2024. Во секој нов ден, по 200 нови огласи, регаираат од Македонскиот полициски синдикат.

– Имено во периодот од 2017г до месец Ноември 2023г – во текот на (7) години, наместо да се одржува и спроведува професионализација на МВР – се инсталирирани околу 1000 унапредени партиски послушни раководни кадри, кон кои секојдневно дополнително се приклучуваат плус партиски војници, а кои се вработуваат без соодветни квалификации и без ниту еден ден работно искуство прибрани и унапредени на високи раководни позиции во МВР !

-Со ова и последново забрзано темпо во нов ден „по 200 на ден“, нови огласи, во месец јануари 2024 год, а со кое министерот Спасовски покажува дека не го интересира да бидат издбрани успешни професионалци, туку само сака да го зголеми партискиот број на унапредени партиски послушници. Со ова турбо распишување и “штанцање” на секој ден нови огласи и тоа неколку денови пред да си замине од МВР, уште повеќе покажува дека сака со ваквите “партиско” кадровски масовни потфати  да создаде што поголем број на партиски послушници за кој ќе можат да се контролираат од “партија” наместо преку “команда” од страна на професионалци, а тоа е така бидејќи на професионалците им испраќа порака дека никако не му се вклопуваат во визијата на прво место “партиско подобните над неподобните”, соопштија од овој синдикат.

– Во меѓувреме, за ова за кое алармираме, бараме веднаш да се запре и прекине ваквото забрзано ден и ноќ вработување и унапредување бидејќи се кршат сите правила и закони кои се спротивно на меѓународните препораки. Затоа и јавно сакаме да го потсетиме дека министерот со турбо процес “акција” за целосна партизација и приватизација на МВР и недавање шанси на професионалците, покажува непочитување на професионализмот. Тоа е исто така спротивно на препораките од ГРЕКО со кои се даваат насоки за департизација на полицијата и кое во вакво партизирање на МВР никаде го нема во земјите на ЕУ, велат од полицискиот синдикат.