Владата подготвува ребаланс на буџетот, дознава МРТ. Ребалансот на буџетот во ова време од годината е вообичаена практика.
Се прават финалните пресметки каде и колку ќе се крати.
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, неодамна најави дека кон средината на оваа година ќе се процени дали има потреба од ребаланс на буџетот и доколку има ќе се види колкава е и колкав ребаланс би се направил.
Министерот Ставрески изјави дека потрошениот буџетски дефицит е резултат на сезонски фактори, односно исплаќањето на субвенции и капитални расходи за инфраструктурни проекти како автопатите, а другите расходи се во рамки на планираните вредности.
Се очекува ребалансот набргу да биде усвоен од Владата на Република Македонија.