
На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје мртов човек лежи на тротоар, во близина на автобуската станица кај Драмски театар.

Од МВР во изјава за Нетпрес ја потврдија информацијата.
Оттаму велат дека настанот е пријавен околу 8 часот од страна на Итната медицинска помош и дека увидот од полицијата е сеуште во тек.
Засега идентитетот на починатото лице е непознат. Од МВР најавија повеќе информации за подоцна во текот на денот.