ФОТО: Мртов човек лежи на Партизанска

На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје мртов човек лежи на тротоар, во близина на автобуската станица кај Драмски театар.

ФОТО: Курир, Мртов човек лежи на Партизанска
ФОТО: Курир, Мртов човек лежи на Партизанска

Од МВР во изјава за Нетпрес ја потврдија информацијата.

Оттаму велат дека настанот е пријавен околу 8 часот од страна на Итната медицинска помош и дека увидот од полицијата е сеуште во тек.

Засега идентитетот на починатото лице е непознат. Од МВР најавија повеќе информации за подоцна во текот на денот.