Кога се зборува за МРТВ, а многу повеќе за нејзиниот прв човек Маријан Цветковски (во продолжение Мацко) има двојба како да го карактеризираш. Има два начина и еден заклучок:
- Да сакаш да го фрлиш од 23-ти спрат од МРТВ. На пример ветил дека ќе го сними и емитува полуфиналето и финалето на Меморијалниот Турнир во мал фудбал „СОКОЛ“ (според стручната јавност најдобар) и уште неколку вакви слични настани. Наеднаш го снемало и прави глупави потези. Неможе да го најдат. Е, ај сега.
- Според потезите од аспект на радодифузен бизнис (не новинарски) научен развој на МРТВ да му дадеш награда „Личност на декадата“.
Заклучок:
Ако е мангуп Мацко би си дал оставка од МРТВ сега на 01 септември и би ја оставил лудачкава држава да се препелка ко риба на суво. Затоа што таа не разбира дека при избор на нов директор, несмее да помисли дека новиот директор ќе може да функционира без советник како Мацко во наредните 2 години за хонорар од 100.000 денари. За да му каже се’. Ама во нормална држава.
За да се разбереме како што треба за односот на државата кон МРТВ, мора на следниов начин да почнеме.
Ме прашуваат што си се фатил толку за Младен Чадиковски. Одговорот е многу едноставен. Сака да биде фактор на одлучување во нашето општество, а тоа носи ОДГОВОРНОСТ. Се што ќе напишам подоле Младен ништо не разбира и молчи како најподла КУКАВИЦА. Причина. Жена му има емисија на МРТВ. Он ќе кажува за непотизам, конфликт на интереси и остали срања. Он е професионален потикнувач на сите „Говна и Лајна“ во Македонија.
Да бидеме искрени. Ај, сетете се драги читатели колку пати ја споменавте мојата мајка во негативен контекст кога бев најсилниот лобист за укинување на ХРТ 2 и Нова ТВ (хрватската). И ги укинав. Причината беше многу едноставна. Хрватите крадеа во Македонија. За жал нашите неспособни „експерти“ за 100 евра ја продаваа државата. Велеа не ги бивало телевизиите. Еден од нив беше Горан Михајловски од весникот „Вест“, а сега „Сакам да Кажам“. Ова во друга колумна. Сега само сакав да Ви претставам што значи да имаш функција, да научиш ако не си знаел и ако незнаеш да се обратиш кај тој што знае (ИФА Проект, СР Германија легендарниот Армин Мајнел).
Знаете како. Јас учев од најдобрите за тематика која ја разбираат не повеке од 10 луѓе во Македонија. Еден од нив е секако Јован Најденовски. Еден од најголемите познавачи на телекмуникациското, медиумско и авторско и сродно право. Во овој момент заедно со МАСИТ (Македонска асоцијација за информатичка технологија) започна да работи на регулација на вештачката интелегенција. Познавајки го, најмногу ќе алудира дека за 10 години сите оние што ќе завршат информатика на ФИНКИ ќе бидат непотребен кадар бидејки компјутерот ќе ги замени. Да, да драги мои. Ова се личности кои гледаат минимум 20 години нанапред.
Уште нешто интересно. Следнава недела со него имаме закажано дебата на темата Кулата на Водно финансирана од АЕК (Агенција за електронски комуникации). Јас велам дека е „Кула на Лудоста“, а он вели „Кула која е машина за правење пари“ значи да заработува и да внесува пари во буџетите на државава. Така се разговара на овие теми. Со жестоки аргументи на цивилизиран начин.
Во контекст на колумнава Јован Најденовски заедно со Тоше Коцевски-Пикон (се сеќавате на пејџерите, еден од најинтелегентните личности со кои сум работел) ја носат MTV на МТВ и сакаат далечната 1995-96 година да МРТВ ја претворат во Дом на медиумите. Сите радија и телевизии на едно место. Ама од „клошари“ нема успех. Сашо Ордановски бил жртва на партиска пресметка, а Мелпомени Корнети била голем дипломат. Абе бркајте работа.
Е сега за МРТВ, СДСМ неписмената Министерка за Култура и нивниот Младен Чадиковски.
Прво. Европската радиодифузија е заснована на концептот на ЈРТ-Југославија, каде што припаѓала МРТВ.
Второ. МРТВ е буџетски конципирана на 50 милиони евра.
Трето. СДСМ е гробар на МРТВ.
Приказна 1. Ова мое мало раче потпиша спогодба по препорака на Зоки Антена (претседател на АПЕММ) дека МРД ќе го пренесува сигналот на МРТВ и заедно во периодот од 6 месеци во 2006 година ќе добиваат 80% од вкупно планираната наплата. Никола Поповски како министер за финансии од СДСМ не им даде ни денар и е директно одговорен за сите болести што ги навасаа овие две претпријатија и за штрајкот кој го организираа поранешни СДС членови демек медиумски луѓе кои со своите дејанија го убија (умре на сред оро на свадба) наследникот на Гордана Стошиќ како директор на МРТВ.
Приказна 2. Во 2015-16 година СДСМ ќе ја реформирале и спасувале МРТВ. Го испратија да штрајкува генерал Стојанче Ангеловски. Со огромна почит кон нашиот генерал, ама што он има врска со медиуми. Ништо! Денес во МРТВ сеуште е директор од заробената држава на Груевски.
Така да СДСМ, кога се разговара за МРТВ, имам чувство дека се направени од „мочка“.
И вака лично сега. Ќе ја спасувате МРТВ, А? Во стилот на Бата Стојковиќ.
Ма немој!
МРШ У ПИЧКУ МАТЕРИНУ.
Министеркана за Култура, инаку препознатлива како Био Терорист за опозицијата, со цел памет направи нова Национална Установа Џез оркестар. Ова отвара разни барања сега. Национални Установи блуз, рок, поп Макфест, КУД Орце Николов, КУД Каршијака, улични перформери, Шемса Суљаковиќ и Синан Сакиќ, Љубојна, Ферус Мустафов, Чалгии итн.
Ова носи институционални проблеми. Кој ова ќе го плати? Колку е писмена министерката јас вака ја доживувам. Она добива на тендер како Бисера да ми фарба брод на мене. И го фарба само од една страна. И ја и викам. Бисера мора двете страни да се офарбани. А, она пич мајчин остроумна ми вели: Во договорот стои јас од една страна, а ти од друга страна. Чиста работа.
За неписмената министерка да и објаснам професионално. Ако нема поима мора да праша. МРТВ бил и може пак да биде најголем фонограмски продуцент (се надевам дека разбира што значи) во нашата држава. Авалон, Литиум рекордс итн. се маково зрно од аспект на тахнички, кадровски и просторниот потенцијал на МРТВ.
Тоа значи целиот Џез оркестар во рамките на МРТВ. Зошто МРТВ мора да има 50 милиони евра буџет. Создаваш согласно претходна одлука од 2015 (ако добро сеќавам) година на Управниот Одбор и Програмскиот Совет на МРТВ дека има право на дополнителни програмски сервиси. Создаваш ТВ канал со музика од Филхармонија, Опера и Балет и Џез оркестарот. Сервисот може да се користи за емитување до краен корисник преку неограничен ресурс, кабелска телевизија, и да се реемитува од Љубљана до Атина, од Умаг до Кладово и од Драч до Варна. Има 7 милиони корисници. Еден денар да се наплаќа по претплатник тоа се 84 милиони денари годишно. Сега?
Плус Џез радио го прогласувам за пособен интерес во Македонија и му доделувам годишно 40.000 евра за емитување на домашна џез музика преку министерството.
Ова беше во чест на мојот голем другар Џолиќ заљубен џез и блуз фан.
Да живее Македонија!!!!
Не се предавам до смрт!!!!
Следната колумна во среда 28 Јуни на тема: Како Медиумите мора да ги штитат граѓаните и државата.
Со почит,
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес