Мртво бебе утрово е пронајдено во тоалет на автопатот во близина на граничниот премин Табановце, јавува телевизијата Телма.
Телото е веќе предадено во Институтот за судска медицина, од каде повеќе детали најавуваат по извршената обдукција.
Засега нема детали од Министерството за внатрешни работи. Нема потврда ниту дали се работи за дете на некој од бегалците стационирани на оваа граница.
Невладините организации и Црвениот крст, кои работат со бегалците, немаат информации за случајот.