Мртво новороденче однел во поликлиниката „Јане Сандански“

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, во текот на вчерашните утрински часови, било донесено мртво новороденче, кое го пронашол неговиот татко, информираат од МВР.

Во соопштението на полицијата се наведува дека 26-годишниот татко го пронашол новороденчето без знаци за живот, по што го донел во клиниката.

„На 23.12.2019 околу 07.45 часот, од Поликлиниката „Јане Сандански“ било пријавено дека кај нив било донесено починато новороденче старо 27 дена. Според пријавеното, новороденчето било пронајдено од неговиот татко Х.Н.(26) без знаци на живот. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на новороденчето било дадено на обдукција“, информираат од МВР.