![133506255 штип](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/01/133506255-24.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Како што информираат од МТСП, Демиров, кој живее со својата сопруга, двете деца, бабата и внукот, иако не е корисник на социјална парична помош, ќе добие еднократна парична помош.
Демиров иако не е корисник ниту на кое било друго право со оглед на состојбата во која се наоѓа во моментов и е состојба на ризик има право да добие еднократен паричен надоместок, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Оттаму додаваат дека Министерството секогаш излегува во пресрет на лицата во социјален ризик кои имаат потреба.