Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации во јавноста, од страна на пратеникот во Собранието во Р.Македонија, Самка Ибраимовски.
Во изјава за медиумите Ибраимовски изнесе невистини дека министерството за труд и социјална политика ги нема подмирено обврските кон корисниците на субвенциите за електрична енергија.
„Категорично ги отфрламе изнесените лаги и притоа должни сме да информираме дека субвенциите за електрична енергија редовно се исплаќаат на сите корисници кои уредно имаат доставено трансакциски сметки и ја приложиле платената сметка за електрична енергија до месно надлежниот Центар за социјална работа од каде што го остварува ова право, кој, пак потоа има обврска да ги изготви списоците со корисниците на правото на субвенциите за електрична енергија и истите да ги испрати до МТСП за нивна понатамошна реализација“, се наведува во демантот.
Од таму појаснуваат дека исплатата за субвенциите за електрична енергија може да доцни само кај поединци коишто не ја подмириле сметката за струја и не ја приложиле, којашто е основа за исплата на ова право.
Исто така, напоменуваме дека министерството за труд и социјална политика контиунирано врши исплата секој месец на правата од социјалната заштита.
Уште еднаш потенцираaт од МТСП дека изнесените наводи на Самка Ибраимовски се со цел да ја замајуваат јавноста за остварување на политички поени.