МТСП: За тоа дали директорката на ЈОУД „Детска Радост“ направила кривично дело постојат надлежни органи

Во врска со отвореното писмо упатено до јавноста и до Министерката за труд и социјална политика, од страна на родители чии деца се згрижeни во ЈОУД Детска Радост-Гази баба, Скопје, информираме за следното:

Отвореното писмо во кое родителите се повикуваат на настани поврзани со директорката во установата, во никаков случај не ги засега децата кои се згрижени во установата, од причина што за нив се грижи стручен кадар кој својата дејност ја обавува со големо внимание и љубов кон децата. Наводите во отвореното писмо за криминални дејанија од страна на директорката не може да ги коментираме од причина што за откривање на кривично дело и санкции доколку истото постои надлежни се други органи и институции. Наводите дека децата се гладни и без храна до сега родителите можеле да ги пријават до нашето министерство, но од редовен инспекциски надзор во установата извршен од страна на инспектори оваа година и увид во листите на јадења и дневното мени констатирано е дека исхраната на децата е согласно пропишаните стандарди и нормативи. За детето кое беше повредено со „лажица“ извршен е инспекциски надзор и донесено е соодветно решение од страна на инспектори при МТСП, а понатамошниот тек за утврдување на вина на воспитувачката е во рамките на инститициите на системот. На крајот ги информираме родителите дека основачот на предучилишната установа односно општината, мора да ги почитува одредбите од Законот за заштита на децата. Во спротивно следат соодветни реперкусии за истиот.

Ве уверуваме дека Вашите деца се безбедни во ЈОУД Детска Радост-Гази баба, Скопје и згрижувањето и воспитанието се одвива непречено, согласно закон и подзаконски акти, што е цел и заложба како наша така и Ваша како родители.