3.8 C
Skopje
петок, декември 13, 2024

Му благодариме што Спасовски се смилува да набави виндјакни за полицајците, но тие на работа не одат само по јакни, велат од СПМ

Синдикатот на полиција во Македонија му се заблагодарува на милоста на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за набавувањето на виндјакните за полицајците, но на нив им требаат и целосни униформи како што се кошули, пантолани, џемпери…

Целиот нивни пост на Фејсбук ви го пренесува интегрално

-Почитуван наш и единствен Министре Оливер❗

Најпрвин, да Ви честитаме, што после 5 години раководење, решивте, конечно, заради “твојата милост” да им набавите виндјакни на полицајците и тоа откако, речиси, помина сезоната, дојде пролетта а претходно колегите мрзнеа со пролетни јакнички.

Но, има една друга работа да си објасниме за да ти падне митот дека си ” the best ever” и дека се зависи од твојата нели милост❗😡❗
●●●●●●●○●●●●●●●○●●●●●●●○●●●●●●●

Дали вие министре Оливер и вашиот привезок МПС, одите на работа само со јакни, или како и сите нормални луѓе, носите панталони, кошули, џемпери и други делови од облека. Ако е така, тогаш не ќе да е лошо, да имате во обзир оти и полицајците треба да носат кошули, панталони, чорапи и џемпери. Ама, за разлика од вашата облека, колегите, носат УНИФОРМА. За таа униформа, освен што постои УРЕДБА како треба да изгледа и каков КВАЛИТЕТ треба да има, ПОСТОИ и еден правилник, кој се вика “ПРАВИЛНИК ЗА НОСЕЊЕТО И ВРЕМЕТО НА ТРАЕЊЕ НА УНИФОРМАТА НАПОЛИЦИЈАТА”.

Во овој правилник, ако го немаат прочитано (и најверојатно е така) вашите “советници”, пишува дека фамозната виндјакна, која ја набавивте после 5 и кусур години Ваше министерување, треба да биде набавувана на секои 4 години, или како што пишува во правилникот, на секои 48 месеци. А треба ли да Ви кажеме, оти јакни нема за обичен полициски службеник речиси 10 години и повеќе. А вам Ви требаше 5 години да се свестите???

Ние, како ЕДИНСТВЕН синдикат кој се грижи за правата на полициските службеници, ќе Ве потсетиме за само дел од роковите за униформите, кои треба, Вие како министер, редовно да ги набавувате за припадниците на МВР и за тоа да не се фалите затоа што ТОА ВИ Е ЗАКОНСКА ОБВРСКА:

Член 6

Времето на траење на пооделните делови од работната униформа на полицајците изнесува за:

– кратка виндјакна 48 месеци
– виндјакна 48 месеци
– два пара панталони, капа „БК“,
сако и шапка од материјал камгарн 24 месеци
– два пара панталони, капа „БК“,
сако и шапка од материјал тергал 24 месеци
– два пара панталони и капа „БК“од материјал фармерско платно 24 месеци
– две кошули со долги ракави 12 месеци
– две кошули со кратки ракави 12 месеци
– две маици со кратки ракави 12 месеци
– две вратоврски 12 месеци
– џемпер 36 месеци
– долна облека 24 месеци
– подкапа 48 месеци
– дводелен комплет за дожд 60 месеци
– кожни ракавици 36 месеци
– чевли со потенок ѓон 12 месеци
– чевли со подебел ѓон 24 месеци
– чевли со гумен ѓон 24 месеци
– високи специјални чизми 60 месеци
– два пара чорапи – доколеници 12 месеци
– четири пара памучни чорапи 12 месеци.”

ЗАТОА, ДА ВЕ ПРАШАМЕ:

Колку пара панталони имате набавено?
Колку кошули имате набавено?
Колку пара чевли имате набавено?
Колку пара чизми имате набавено?
Колку капи имате набавено?
Колку делови од униформа имате набавено во вашиот мандат???
Колку од тие набавки се во согласност И ДАЛИ СЕ со правилникот?

Господине министер, оваа е една од Вашите главни обврски, навремено и квалитетно да ги снабдувате со униформа припадниците на МВР, а доколку не си ја исполнувате обврската, освен што придонесувате за лошиот имиџ на МВР, вие директно придонесувате за неквалитетното работење на полицијата, почести отсуства поради боледување на припадниците на МВР и, секако, незадоволството во МВР, кое вртоглаво секој ден расте.

Не може да биде приоритет набавка на системи за топла вода, кои чинат многу, пред униформата. Не може да биде приоритет набавка на други споредни работи пред униформата….

И да, до кога со овие “мизерни” финти со твојот “единствен” партнер на приватизиран синдикат⁉️ Бидејќи пропагандата Ви е на НАЈЈАКО , дури и исти слики партнерски објавувате. БРУКИ , и режисерот Спилберт може “вода” да ви носи….

И да да не заборавиме за НАЈГЛАВНОТО : Објавете и пофалете се дека денес сте дошле на работа и преставете дека тоа Вие сте го измислиле и сте заслужни за тоа… ⛔️😡®️, стои во нивниот пост на Фејсбук.