Му го згешиле ливчето и добил 42.000 евра

Неверојатна приказна доаѓа од Јамајка од кладилницата „JustBet Sports Bet“. Човекот ставил 1.000 долари на својот тикет каде имал 5 парови: Бартон Албион – Хал 2, Бристол Сити – Бирмингем 2, КПР – Шефилс Венздеј 1, Блекпул – Нортемптон 1 и Рома – Барселона која сакал да ја игра двојка но му ја згрешиле и му ја ставиле единица.

Кога на излегување забележал, во паника се вратил во редот но веќе било доцна да му корегираат и да го сторнираат ливчето.

Ова е всушност голема среќа, бидејќи Рома ја декласираше Барселона со 3-0 и сензационално отиде во полуфинале од ЛШ а на прогнозерот му донела 52.523 долари или 42.439 евра!