Даша Јатскаја му пишала на Путин дека родителите немаат пари да и купат куче, тој и го подари.
Taa ја видела фотографијата на рускиот претседател Владимир Путин со куче и претпоставила дека тој многу сака животни. Отсекогаш сакала да име куче од раста њуфаундленд и желбата конечно и се остварила.
Иако кучето вече имало име – Макс, Даша одлучила да му даде сосема прикладно име, затоа што нејзиниот нов миленик доаѓа како подарок од претседателот лично таа го крстила – Дар.
Даша е од Киргистан, а кученцето од раста њуфаунбдленд го добила како подарок од рускиот претседател Путин.
Таа секогаш сакала да има таков миленик, но во Киргистан немало таква раса на кучиња, а нејзините родители немале пари за да и го купат од странство, затоа таа му пишала на Путин.
– Вистина е, добивме писмо од девојче адресирано до претседателот во кое што се вели дека нејзините родители немаат пари да и купат куче, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Нејзините родители незнаеле дека таа му пишала на Путин.
Инаку, кучето е од едно одгледувалиште во Казахстан, а Даша го доби своето ново милениче од амбасадорот на Русија во Киргистан.