Му посакувам на мојот пријател Заев да го добие референдумот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од меѓународниот саем во Солун, ден по насилните протести, изрази надеж дека референдумот во Македонија ќе успее, но и убедување дека договорот ќе биде успешно ратификуван во грчкиот парламент.

На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев да го добие. Потоа имаме тежок процес, процесот на уставни промени, кој што ќе се финализира кон средината на јануари, тоа е процес што е тежок бидејќи бара две третини од собранието, а потоа секако го имаме процесот со протоколот за интеграција, бирократските процеси во НАТО, рече Ципрас.

Тој пред новинарите ја отфрли и можноста за распишување на референдум во соседна Грција, за договорот од Преспа.

Ќе беше историска разврска без преседан, една земја да одржи референдум за тоа како ќе се вика соседната земја, за тоа како соседната земја ќе го смени Уставот, за тоа како соседната земја ќе го финализира она што е договорено, изјави премиерот.