
Велешанец и скопјанец добиле кривична пријава бидејќи велешанецот продал автомобил кој бил предмет на кривично дело, а скопјанецот му помогнал.
Во април 2013 година, скопјанецот увезол патничко возило „рено мастер“ кое било предмет на кривично дело, а првопријавениот за возилото изготвил фалсификувана потврда за издавање на пробни регистерски таблички. По ова, првопријавениот го довел во заблуда оштетениот. дека документацијата и возилото се исправни, по што му го продал возилото, а за истото купувачот. му го дал своето патничко возило „јагуар“ и доплатил 8.000 евра.