
Вчера околу 19.30 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, поточно во сервис за возила дошол Р.Д. (51) од Скопје.
Во тој момент пристигнал и С.Т. (47), кој во сервисот претходно оставил возило на поправка, кое Р.Д. му го продал.
С.Т. во сервисот пристигнал со двата сина и сопругата. Истите излегле од возилото, се ракувале и без никаков повод С.Т. извадил пиштол, го репетирал, по што и неговите синови извадиле пиштоли, а С.Т. му упатил заканувачки зборови на Р.Д.
Сето тоа го гледал сопственикот на сервисот, кој истрчал да ја смири ситуацијата, при што Р.Д. ја искористил ситуацијата, влегол во неговото возило и со голема брзина избегал.
С.Т. и неговите синови влегле во нивното возило и почнале да го бркаат, по што Р.Д. направил и сообраќајна незгода.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.