Муамед Сејдини им соопшти на фудбалерите дека си оди, вонредното Собрание на 22 декември

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, објави дека се повлекува од функцијата, веднаш по победата на македонската репрезентација против Фарски Острови со 1-0. По натпреварот, Сејдини влегол во соблекувалната, им ја честитал победата на играчите и соопштил дека поднел оставка, потврдувајќи ги претходните шпекулации.

ФФМ наскоро се очекува официјално да ја потврди оставката на Сејдини. Во меѓувреме, како вршител на должност претседател ќе биде назначен Лазар Ракиџиев, додека новиот претседател ќе се избере на Изборно собрание на ФФМ. Постојат големи шанси Масар Омерагиќ да биде следниот претседател на ФФМ.

Мандатот на Сејдини траеше до март 2025 година кога се очекуваше редовно изборно собрание на ФФМ, но по повлекувањето, сега е одлучено вонредно изборно Собрание да се одржи на 22. декември.