Муамеди: Груби зборува за Македонците како да му се непријатели, а не сограѓани!

Вицепремиерот Артан Груби во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“ изјави дека етничките Македонци се плашат од Бугарите, од Грците, Албанците и така натаму. На ова реагираше младиот правник и граѓански активист од Скопје, Умејр Муамеди, кој го критикува Груби за искажаните ставови.

-Го следам Артан Груби во Косовската телевизија “РТВ Дукаѓини” како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанцие итн од можни територијални поделби и генерално ги претставува македонците како фобична нација , триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на албанците ниту во прилог на македонците а на штета на сите). Значи заменик премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците збори како да му се непријатели а не сограѓани.
Во вакви моменти Премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам а не привилегија дека е Премиер.
Македонија и официјално нема Премиер односно има “Британска Кралица” Премиер а де факто премиер е Артан Груби.