Муцунски домаќин на актуелниот претседавач на ОБСЕ, Јан Борг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на актуелниот претседавач на ОБСЕ, заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и трговија на Малта, Јан Борг.

Според агендата, Муцунски и Борг ќе одржат тет-а-тет средба, по која е предвидена и пленарна мултилатерална средба, како и заедничка прес-конференција.