![Star aerodrom park](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/Star-aerodrom-park.jpg?resize=696%2C462&ssl=1)
Аеродром добива нов парк, носиме нова енергија во урбаното живеење и ја унапредуваме животната средина во Аеродром, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.
Го остваруваме ветувањето дека ќе инвестираме во зелени проекти, нови места за релаксација и рекреација за граѓаните. Денеска почна изградбата на новиот парк во Стар Аеродром, проект кој е целосно финансиран од општествено одговорна компанија. Аеродром добива нова парк на површина од 2300 метри квадратни, а граѓаните од овој дел на општината добиваат ново зеленило, место за одмор и рекреација кое ќе биде уредено со модерна опрема и согласно најсовремените стандарди за уредување на простори од ваков тип.
Се радувам за реализацијата на зелени инвестиции, затоа што ова е уште еден чекор напред кон зелен Аеродром, и чекор преку кој уште еднаш ја потенцираме важноста на инвестициите во животната средина, но и важноста на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат урбаното живеење. Изградбата на паркот вклучува поставување на урбана опрема, хортикултурно уредување, поплочување на патеките, современ систем за наводнување и модерно лед осветлување.
Благодарам на одговорните компании кои се грижат за нашата општина и животната средина. Во следниот период најавуваме повеќе капитални инвестиции во општината: нови паркови, плоштади и енергетско ефикасни проекти кои ја создаваат новата реалност и поубавата слика за општина Аеродром, пишува Муцунски во својата објава.