„Во Лисиче, таму мора ДУП-ови да се донесат бидејќи одредени имотно – правни аспекти на секојдневно функционирање и живеење на нашите граѓани кои што живеат во тој дел на општината не е решен. Значи ние мораме ДУП-ови да донесеме и за Горно и Долно Лисиче. Тоа ние приоритет за оваа година да се заврши. Исто така имаме и одредени планирани инвестиции во делот на разгледување на подобри услови од гледна точка на јавните работи, игралишта детски, сакаме од оваа година да го отпочнеме процесот за изградба на спортскиот центар „Пирин“ во населба Лисиче. Имаме планирано доста средства кои се наши средства но исто така и средства кои што ги добиваме од одредени меѓународни организации како Светската Банка во делот на инфраструктурата во населба Лисиче, Долно Лисиче. Имаме многу прашања кои што треба да се решат, таму се примарно инфраструктурни, таму се имотно –правни аспекти, да го убрзаме процесот на легализација на имот, имаме сериозни амбиции за тој дел од општината“, истакна Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром во гостување во утринска програма на МРТ.
Муцунски додаде дека до крајот на мандатот Лисиче ќе има рамномерен развој со т.н. урбан дел на општината односно Аеродром и Ново Лисиче.
„Во Долно Лисиче нема градинка. Таму инфраструктурата е голем проблем. И за тоа имаме намера да вложиме многу големи средства приближно сигурно над 800 илјади евра во инфраструктурата во тој дел од општината оваа година. Имате основни потреби, замислете нема ниту една градинка во тој дел од општината. За Долно Лисиче зборуваме за првпат и после толку години ќе инвестираме во градинка“, заклучи Муцунски.
Муцунски посочи дека се разгледува опција и за изградба на мал плоштад во делот на Горно Лисиче.