
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, Претседателот на ЗЕЛС и Градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски се во повеќедневна посета на САД.
На покана на Амбасадата на САД во Македонија и Американскиот Стејт Департмент Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД.
Во рамките на нивната посета тие остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт Департмент, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон.
Клучна тема во нивните разговори беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија.
Во следните денови тие ќе ги посетат градовите Питсбург и Феникс каде со свои соговорници од локалната власт во овие градови ќе дискутираат за создавањето на добри практики во работата на локалната самоуправа.