Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со канадскиот амбасадор во Република Македонија, Џајлс Норман.
На средбата се разговараше за соработка меѓу Општина Аеродром и државата Канада како значаен партнер на нашата држава.
„Денеска остварив средба со канадскиот амбасадор во Република Македонија, Џајлс Норман. Амбасадорот Норман ми го пренесе канадското искуство во водењето на локалната самоуправа и општините со што добив важни препораки за успешно водење на општината. Канада е значаен партнер на нашата држава и затоа билатералните односи и натаму активно ќе ги надградуваме“, рече градоначалникот Муцунски.
Ова е прва средба на Муцунски со канадскиот амбасадор како градоначалник на Аеродром.