3.8 C
Skopje
понеделник, декември 2, 2024

Муцунски: Почитување на стратешките интереси на Македонија мора да е приоритет во надворешните односи

Кандидатот за пратеник од изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за „Кратки црти“ ја потенцираше потребата од Национална стратегија како и почитување на стратешките интереси на република Македонија како приоритет во надворешните односи.

-„Во пријатна атмосфера, во „Кратки црти“ со Никола разговараме за тоа што значи да се води принципиелна надворешна политика и младите.
-Почитување на стратешките интереси на Македонија мора да е приоритет во надворешните односи, а нужна е потребата од Национална стратегија.
-Голем предизвик ќе биде по 15-ти јули сите млади луѓе кои се изолирани на некој начин од политиката, да им влееме надеж дека треба да веруваат во својата држава, нивната разочараност да ја надоместиме со реални и значајни проекти кои ќе го подобрат нивниот живот“, напиша Муцунски.


А интервјуто може да го погледнете тука: