Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски:
Наскоро ќе презентираме мобилна и веб-апликација со која Општина Аеродром уште повеќе ќе се доближи до жителите, низ транспарентен процес ќе ја зајакне довербата во општинските служби и ќе ја зголеми ефикасноста во работата на локалната власт.
Следејќи ги глобалните трендови и динамиката на современото живеење, потребата од дигитализирање на сите услуги кои ни се потребни во секојдневието е сè поголема и неопходна.
Интерактивната дигитална платформа ќе им овозможи на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и со еден клик да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина.
Наскоро, со користење на вашиот мобилен телефон, таблет или компјутер, ќе можете да ги добиете потребните документи, да поставите прашање и пријавите проблем, да добиете детални податоци од нашите служби или пак да аплицирате за субвенции. На овој начин, се поедноставуваат сите административни процедури, со што се намалува потрошувачката на хартија, како и долгите редици низ институциите.