Муцунски: Претседателските и парламентарните избори треба да се одржат заедно, бидејќи еден изборен циклус чини од 8 до 10 милиони евра

Има многу работи кои треба и може да ги правиме подобро. Ја и моите колеги даваме натчовечки напори, особено во Скопје бидејќи често сме предмет на свесни, а често и несвесни препреки од Град Скопје. На пример нема јавно претпријатие во градот каде немаме промена на минимум тројца директори во едно претпријатие и тоа создава сериозни препреки. Но, таму каде што можеме правиме да се надминуваат дел од недоследностите и грешките од централната власт и мораме да кажеме дека мора да ги застапуваме пред се граѓаните, рече Тимчо Муцунски, градоначалник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Со доаѓање на централна власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде подобро и нема да се гледа градоначалникот од која партија е.

„На пример, нема да бидат казнети граѓаните на Центар и Струмица, тоа се наши граѓани и не е важно од која партија се градоначалниците“, рече Муцунски.

Градоначалникот најави дека следат уште многу проекти и дека се што е ветено ќе се реализира.

Една година од денес најдоцна ќе има избори, укажа Муцунски, посочувајќи дека треба да бидат заеднички изборните циклуси и парламентарни и претседателски и ќе биде крајно неразумно да бидат одделно.

„Еден изборен циклус чини од 8 до 10 милиони евра. Ако имаме вишок може да се изградат три градинки, три до четири основни училишта, стотици улици и ако има вишок тие се итекако потребни“