Муцунски: Продолжуваме по принципот на отворени транспарентни општини, фокусот за 2023-та ни е на образованието, младите, спортот и инфраструктурните инвестиции

И претходната и оваа седмица продолжуваме прво да го презентираме пред граѓаните предлог-буџетот за 2023 година, но истовремено да слушнеме од нив и нивни идеи нивни предлози кои што се уште во оваа фаза би можеле да ги инкорпорираме пред да дојде моментот кога кон крајот на месецот ќе го донесеме буџетот на општината за следната година, изјави пред новинарите во саботата Тимчо Муцунски, градоначланик од ВМРО-ДПМНЕ на скопската општина Аеродром.

„Оваа година имавме успешна година со повеќе капитални инвестиции, повеќе инвестиции насочени кон образованието, кон спортот кон младите но сакаме 2023 година да биде уште поуспешна година. Фокусот ни е на образованието и младите инфраструктурни инвестиции како што се две нови градинки доградба на две основни училишта, продолжување на успешните проекти од оваа година и голем број работи кои што се во интерес на општина Аеродром и на сите аеродромци“, рече Муцунски.

Градоначалникот порача дека како локална власт остануваат фокусирани на реализација на својата програма од последните локални избори за Општина Аеродром да има поубав живот за сите граѓани кои што живеат на нејзина територија.