Двете земји имаат изградено силни партнерски односи и развиен политички дијалог. Во следниот период, остануваме посветени на нивното интензивирање во сите билатерални, регионални и глобални прашања од заеднички интерес, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
-Вчера ја примив амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин. На средбата ја истакнав важноста од натамошно продлабочување на економската соработка и трговските односи, воедно изразив надеж дека позитивното искуство на шведските компании кои се присутни во нашата земја ќе послужи како основа за нови успешни примери во иднина. Се заблагодарив за поддршката која ја добиваме од Шведска во справувањето со актуелните шумски пожари, како и за шведската билатерална развојна помош која значително придонесува во имплементирањето на важни реформи за зајакнување на капацитетите на македонските институции, истакна Муцунски.