![mucunski pesker](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/mucunski-pesker.jpg?resize=592%2C550&ssl=1)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.
На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка, а беа разменети и мислења за актуелните состојби, како во двете земји, така и во Регионот.
Во разговорите, посебен фокус беше ставен врз процесот на интеграција во Европската Унија, при што министерот Муцунски упати благодарност за силната и недвосмислена поддршка од Словенија. Воедно, беше нагласено дека нашето членство во ЕУ е значајно и од аспект на зајакнување на регионалната и европската стабилност.
На средбата беше потврдено дека Република Словенија останува исклучително важен партнер, како за развивањето на капацитетите за остварување на надворешно-политичките приоритети, така и за спроведувањето на реформите, преку споделување на нивните искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на земјата.
Воедно, беше поздравена и соработката во НАТО Алијансата, како и во рамки на останатите меѓународни организации.