Разговорите кои се случуваат со Бугарија, а се само за идентитетски прашања, се уште еден доказ за аматеризмот на власта кој што го имаме на секој степен на владеење, како во надворешната политика, економијата, образованието, пописот, рече во вечерашниот „Дневник“ на „Сител“ пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој додаде дека на аматерски начин се тераат сите процеси во државата, како и тоа дека власта нема волја за обединување на ставовите за националните интереси.
-Ме загрижува тоа што со бугарската страна се разговара само за идентитетски прашања, тоа е само уште еден доказ за аматеризмот кој што го имаме на секој степен на владеење од надворешната политика, економијата, образованието, гледаме и со пописот, на аматерски начин се тераат процесите во државата, без постигнување консензус со главните опозициски фактори, а од друга страна се преговара со страна која е многу кометна во своите преговарачки позиции, затоа што има униформен став во бугарското општество, вели Муцунски.
Муцунски посочи дека Бугарија ја користи попусливоста која ја имаме во надворешната политика, кој принцип на непостоење на кохезија за националните прашања и суштествен национален интерес што се должи на огромниот недостаток на волја од страна на власта и аматерскиот начин на водење на власт од страна на СДСМ.
-Јас не би очекувал Европската унија да има принцип, кој што е различен од фундаменталните принципи врз кои што почива постоењето, интеграцијата и развојот на Европската унија, а еден од начините на кои се разликуваат народите се различните јазици, по тоа не смееме да прифатиме било какви преговори, фасцилитирани од било кого за прашања кои се за идентитетска природа, најдобро е тоа и јавно да го декларираме во собранието како што побаравме, жалам што нема желба од страна на власта за истото, посочи Муцунски.