На простор од 1000 квадратни метри, жителите на Долно Лисиче во Општина Аеродром добиваат нови и современи содржини за спорт и рекреација, проект со кој продолжува рамномерниот развој и реализацијата на проекти во сите населени места во Аеродром.
Инвестицијата се наоѓа на старото игралиште во ова населено место и опфаќа изведба на ново фудбалско игралиште со вештачка трева, ново кошаркарско игралиште, како и детско катче. Целиот простор ќе биде опремен со нови реквизити, трибини и урбана опрема.
„Со продолжување на континуираниот процес за обнова на спортската инфраструктура и инвестициите во спортските игралишта и катчиња наменети за децата, со задоволство креираме нови површини на различни локации, површини кои на моја голема радоста ја враќаат живоста на сите маала во Аеродром, кои создаваат нови можности за раст и развој на дечињата, како и за унапредување и промоција на спортот“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Тимчо Муцунски.
Изведбата на новиот простор е целосно финансирана со средства на Општина Аеродром и со неговата реализација уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби за рамномерен развој, нови проекти, инвестиции и содржини.