Муцунски: Владата не дава никаков фокус на дигитализацијата ниту во образование ниту во јавните установи, политиките им се во насока на бркање на луѓето од ИТ секторот, ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го промени

Без никаков сомнеж дигитализацијата, е нешто што не само што е дел од нашето секојдневие туку и нешто без кое ние практично не можеме да функционираме денес. Ако се вратиме 10 години наназад немаше толку паметни уреди и доаѓаме до ситуација на развивање. Кога е на тема пак образование тоа е најкритична и најзначајна, тука првата работа што ми доаѓа на памет е инфраструктура, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски денешната панел дискусија за ИТ и дигитализација на Саем на проекти за млади од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, „Иднина за сите во Македонија“.

Муцунски посочи дека колку оваа влада дава фокус на ова прашање се гледа по тоа што го нема завршено објектот за факултетот Финки, како и тоа колку не вложува во инфраструктура во училиштата.

„Факултетот на УКИМ кој е еден од најпосакуваните Финки каде се креираат кадри кои треба да се движечка сила за нашата економија и се едуцираат кадри за Македонија да ја прават конкурента и на меѓународен пазар, истиот се уште нема своја зграда. Отпочната е пред 6 години, но не завршена и тоа говори кое е значењето за оваа држава кон овој сектор кој е круцијален во 21 век. Како градоначалник се соочувам и со потребата од наметнување на дигитализација во основното образование. Треба од млада возраст да ги подготвуваме генерациите за дигитална писменост и основни знаења и вештини, затоа ние се залагаме како општина секое дете од четврто одделение да добие таблет. Но има проблем со инфраструктурата во училиштата, како смарт табли, од централната власт скоро да нема вложување“, изјави Муцунски.

Истакна дека нема фокус на едукација доедукација на кадри, нема вложување во набавка на соодветни хардвер и софтвер да се дигитализира образовниот процес.

„Но ние имаме свест за тоа, ВМРО-ДПМНЕ тоа го дискутира на највисоко ниво и овие прашања како дел од сетот прашања за дигитализација ќе бидат дел од програмата“, рече тој.

Муцунски посочи дека треба да се внимава на дигитализација на јавните услуги, има добри искуства од други земји и фокусот треба да ни биде на квалитетна дигитализација на услугите кои ги дава централната власт.

„Следејќи ги најновите трендови, поврзани со вештачка интелигенција, крипто валути, начин на кој сето тоа треба правно да се регулира. Треба да се фокусира државата на луѓето од ИТ сектор повеќе да останат тука и тука е важна даночната политика, а Македонија има непредвидлива даночна политика. На секои 3 месеци се пуштаат закони поврзани со даноци и сето тоа прави атмосфера каде за тие кои сакаат да инвестираат и работат е непредвидливо што ќе се прави и дури и нашите инженери одат во други земји. Потребна е предвидлива даночна политика со соодветни мерки за привлекување на кадрите од ИТ сектор“, изјави Муцунски.