Муцунски: Власта не смее да создава лажни надежи, за почеток на преговорите со ЕУ потребни се суштински реформи

Власта не смее да создава лажни очекувања туку дека мора да започне со суштински реформи во Република Македонија кој ќе придонесат за датум за почеток на преговорите со Европската унија, рече во средата Тимчо Муцунски, претставник на ВМРО-ДПМНЕ во текот на гостувањетп во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма.

Не смееме да создаваме лажни очекувања, па како лани да правиме прослави дека сме го добиле датумот па не сме го добиле датумот. Едноставно треба да седнеме, да се затвориме од гледна точка на една инклузивност на носење на закони носење на реформи а да продолжиме да се отвораме за другите засегнати страни во процесот на евроинтеграција и да се работи за што побрзо добивање на датум за почеток на преговори, вели Муцунски.