Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за инвестирање во спортот и рекреацијата на граѓаните на оваа земја (ФОТО)

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на рекреативниот центар Матка каде го заедно со активистите имаа акција за чистење на ова природно богатство во главниот град.

Од таму тој вети нови велосипедски патеки, нови планинарски домови во целата земја, не само за оваа туристичка атракција.

Тој потенцираше дека е важно да се инвестира во спортот и рекреацијата и дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на тоа.