Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ кажа дека примарната иделогија на ВМРО-ДПМНЕ е Република Македонија и како политичка партија ги користат сите механизми за да се дојде до информација што точно се случува. Муцунски во своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ работи и ќе продолжи да работи на заштита на националните интереси.
-Примарната идеологија на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е Република Македонија. Тоа е примарниот концепт врз кој се движи нашата партија , секое негирање на тој дел од тој наш идеолопки постулат значи дека ние мораме да направиме се што е во наша можност да го одбраниме истиот , кој ќе бидат механизмите ќе се одличи со текот на врмето. Јас на крајот од денот би посакал да нема еден таков развој , секој би поздравил квалитетен договор кој што ги заштитува нашите национални интереси , да видиме времето што ќе покаже. Ние како политичка партија во овие моменти ги користиме сите механизми кои ги имаме на располагање да дојдеме до кредибилни информации за што се случува , тоа го правиме во Собранието , но очигледно дека ќе има некоја брза динамика и брз развој и секако ќе работиме на поза на заштита на националните интереси и нема да дозволиме на било кој начин да биде чепнат македонскиот национален идентитет, рече Муцунски во своето гостување.