Шеесет и осумгодишниот муфтија на кичевското муфтиство, Хаџи Мурат Ефенди Хусеини почина од ковид-19.
Од кризниот штаб за ковид-19 во Кичево велат дека кичевскиот муфтија пред неколку дена бил испратен на скопската клиника во тешка состојба, а во Кичево не бил тестиран, туку тестот му бил направен во Скопје. Матичниот лекар откако ја утврдил неговата состојба дека има тешкотии со дишењето, пад на заситеност со кислород и кашлица, со брза помош го испратиле на клиниката „8 септември“ во Скопје како сомнителен на ковид-19.
-Две недели бил лекуван на таа клиника, изјави за медиумите Џабир Бајрами, кризен штаб за ковид-19, Кичево.
До сега во Кичево 88 лица се заразиле од ковид-19, од кои 75 се активни.