Мухиќ и Мисовски на распит во Обвинителство: Џафери беше избран по легален пат

Пратениците Ферид Мухиќ и Горан Мисовски денеска беа на распит во Обвинителството за изборот на Талат Џафери.

По излегувањето од Обвинителство, Мисовски изјави за медиумите дека Џафери бил избран за претседател по легален пат и дека зад здружението стои една политичка партија.

Инаку, кривичната пријава е поднесена против сите пратеници кои гласаа за изборот на Џафери.