Во пресрет на кампањата за референдумот, пратениците Бошњаци, Ферид Мухиќ и Зеќир Рамчиловиќ се против Договорот помеѓу Грција и „Втората страна”.
Ставот на Мухиќ по ова прашање е повеќепати искажан во јавноста, додека Зеќир Рамчиловиќ на неколку пати на својот Фејсбук профил потенцираше дека единственото име на нашата држава е Република Македонија.
Едниот во власта, друг во опозиција, но ниту еден од нив не побараа средства за кампањата поврзана со референдумот. Интересно е што Мухиќ не сакал и не барал средства за спроведување на кампања, но СДСМ побарало пари и за него. Тоа повторно отвора простор за манипулација и злоупотреба на парите на граѓаните.
Мухиќ и Рамчиловиќ се едни од најдобрите познавачи на процесите врзани за Бошњаците во минатото и денес и често ја споредуваат положбата на македонскиот и бошњачкиот народ, односно на Босна и Македонија и своите ставови ги градат принципиелно свесни за последиците што ќе ги има овој договор.
За разлика од нив, дел од Бошњаците кои од Власта на СДСМ добија функции или пари, се вклучија во кампања за подршка на референдумот.
Под мотото “Бошњаците за европска Македонија” планираат да одржуваат трибини со кои ќе ги мотивираат Бошњаците да излезат на гласање на референдум.