Претседателот на Македонскатра ракометна федерација (РФМ), Живко Мукаетов по повод отворањето на големиот настан се обиде да објасни какво значење има овој турнир за сите ракометни работници, се заблагодари на ЕХФ за укажаната доверба, но побара и голема поддршка за девојките кои ќе бидат наши амбасадори во наредните неколку дена.
– Во последните 15 години често бев дел од европски и светски првенства. Таму одевме како навивачи и како претставници на Федерацијата. Постојано одевме некаде, но сега за првпат сме во ситуација да го донесеме Европското првенство тука, во оваа сала во Борис Трајковски, во нашето Скопје, во нашата Македонија.
– Тоа е огромна чест, голема благодарност до ЕХФ што ни го овомозжи тоа, а сега наше е да се покажеме во вистинско светло и на вистински начин. Би сакал да се заблагодарам на медиумите за следењето во изминатиот период, на цела јавност, на работницте, на Агенцијата за млади и спорт, на сите што градиме нешто што ќе остане долготрајно. Периодов кој следи треба да го потврдиме она што го градевме. Македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, да ги бодриме нашите девојки. Вреди да ја добијат поддршката, да покажеме дека сме конкурентни против најсилните селекции. Сакаме да покажеме дека можеме да се носиме на сите полиња, организациски и спортски, – изјави Мукаетов.