Неопходно е компаниите да настапуваат здружено за што полесен и поуспешен пристап на нови странски пазари.„Самит 100“ е една одлична иницијатива за постигнување на таа цел, а во исто време претставува и солидна платформа за структуирање на развојни програми кои би го поместиле целиот регион чекор поблизу кон исполнување на мисијата за создавање моќна бизнис-заедница, која би била генератор на повисок економски раст на регионално ниво“, истакна главниот директор и претседател на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.
Тој годинава заедно со генералниот директор на „Јадран Галенска лабораторија“, Иво Усмијани, во рамки на третиот „Самит 100 – Договор за новото време“, ќе биде комодератор на работилницата за креативни партнерства, насловена како „Бараме нови феникси“ во делот на здравството и фармацијата.